Неколку ученици се повредени откако автомобил удрил во луѓе пред основно училиште во централна Кина, јави државната новинска агенција Ксинхуа, пренесе „Си-Ен-Ен“.
Не е јасно колку луѓе се повредени во инцидентот, кој се случи во градот Чангде во провинцијата Хунан, се додава.
Видео кое кружи на социјалните мрежи покажува десетици деца во паника како врескаат и трчаат во училишниот двор, а во позадината машки глас извикува „брзо, брзо“.
На второто видео се гледаат неколку луѓе, пишува „Си-Ен-Ен“, меѓу кои и возрасни, како лежат на патот, очигледно повредени. Можеше да се види како полицијата му става лисици на маж пред возилото. Полицијата се уште не објавила извештај за инцидентот. Сликите од инцидентот што кружеа на интернет беа брзо избришани од платформите на социјалните медиуми, се вели во соопштението.
Кина минатиот понеделник го претрпе најсмртоносниот познат напад во последната деценија, кога 35 беа убиени откако маж со својот автомобил влета во толпа луѓе кои вежбаа во спортски центар на отворено во јужниот град Жухаи, објавија медиумите.
Неколку дена подоцна, осум лица беа убиени, а 17 повредени во напад со нож на универзитетски кампус во источна Кина.
Текстот Автомобил влета во луѓе во Кина е превземен од МАКФАКС.