Во Италија се преврте автобус со околу 50 бегалци од Украина. Во несреќата почина една млада жена, пренесе италијанското национално радио, РАИ. Останатите патници се успешно извлечени од автобусот и немаат сериозни повреди, информира италијанската пожарникарна служба. Несреќата се случила во северниот дел од Италија на автопатот А14, познат како Јадрански автопат во близина на градот Форли кој од Болоња е одалечен за еден час. Автобусот излета странично на тревна падина веднаш зад заштитната ограда од автопатот. Пожарникарите употребија два крана при отстранувањето на автобусот.
Италијанското министерство за внатрешни работи соопшти дека автобусот тргнал од Украина и кога се превртел се движел кон Пескара, пристранишен град на Јадранот. Патниците се пуштени откако им била дадена прва помош, а од што е предизвикано превртувањето на автобусот истражуваат италијанските органи.
Околу 35.000 Украинци избегаа од војната во својата татковина и влегоа во Италија. Најголем дел од нив влегле преку Словенија. /Алсат.мк
Игор Стефановски