Австрија стана првата европска земја која ја усвои мерката за задолжителна вакцинација против коронавирус. Вакцинацијата против ковид ќе биде задолжителна за сите полнолетни граѓани на Австрија, почнувајќи од 1 февруари, одлучи парламентот во Виена со 137 гласа „за“ и 33 „против“.
За непочитување на мерката е предвидена казна од 600 евра.
Според одлуката, вакцинацијата од 1 февруари ќе биде задолжителна за сите жители на Австрија, постари од 18 години, освен за трудници и лица кои не можат да се вакцинираат од здравствени причини, како и за лица кои го прележале вирусот во последните шест месеци.
Австриските власти наведуваат оти задолжителната вакцинација е неопходна поради ниската стапка на вакцинација во земјата.
Австриската полицијата од средината на март ќе започне рутински контроли за тоа дали граѓаните се вакцинирани. Од оние кои нема да имаат доказ за вакцинација, писмено ќе се побара да се вакцинираат, а ако тоа не го направат им се заканува парична казна од 600 евра.