Во Австрија од полноќ престана да важи забраната за движење за невакцинираните, која беше во сила неколку недели.

Тие можеа да одат само во маркети, аптеки, пошта, банки, на лекар, на работа или на училиште и на прошетка, но само со луѓе од исто домаќинство.

Сепак, укинувањето на забраната за движење не им ги враќа сите слободи на невакцинираните.

Во продавниците кои не продаваат намирници или средства за хигиена важи правилото „2Г“, што значи дека се „отворени“ само за вакцинирани лица и оние кои прележале со ковид.

Истото правило важи и за угостителството, хотелите, културните и спортските настани, како и на многу други места.

Она што сега повторно може да го направат невакцинираните е слободно да се движат надвор од дома, како и да ги посетуваат пријателите.

Австриската влада во саботата донесе одлука за натамошно олеснување на епидемиолошките мерки, според која од 5 февруари работата на угостителските објекти ќе биде продолжена на 24 часа.