Австриската авиокомпанија АУА соопшти дека од утре ќе ги прекине летовите кон Киев и Одеса, а одлуката ќе важи до крајот на февруари.
Летовите до Лавов ќе продолжат и во моментов АУА лета на таа линија три пати неделно.
АУА нагласува дека безбедноста на патниците и вработените е приоритет и оти состојбата во Украина редовно се следи.
И германската авиокомпанија „Луфтханза“ вчера соопшти дека од утре ќе ги прекине летовите до и од украинските градови Киев и Одеса.