Поранешен австралиски воспитувач (45) е обвинет дека сексуално злоставувал 91 дете, го снимал злоставувањето и снимките ги објавувал на интернет.
Полицијата вели дека мажот 15 години ловел млади девојки во десетина центри за згрижување во Австралија и во странство. Тој бил уапсен во август 2022 година, но на полицијата и требаше една година да ги истражи и идентификува жртвите, јави Би-би-си.
Властите во Австралија велат дека тоа е еден од најужасните случаи што некогаш ги виделе. Поранешниот воспитувач се соочува со 246 точки од обвинение за силување и 673 точки од обвинението за сексуална злоупотреба на деца.
Поради ваквите обвиненија 45-годишникот би можел да добие максимална казна – доживотен затвор.