Француските политичари се бесни на одлуката на австралискиот премиер Скот Морисон да објави приватни текстуални пораки што ги разменил со францускиот претседател Емануел Макрон.

Advertisements

Тоа е продолжение на дипломатските тензии меѓу двете земји, пишува британски The Guardian.

– Довербата е целосно скршена. Објавувањето пораки разменети од шефовите на држави е груба и многу неконвенционална тактика, изјави неименуван советник близок на претседателот Макрон за француските медиуми. Тој додаде дека францускиот претседател „никогаш не би помислил на такво нешто“.

„Тоа секако не е нешто што ќе помогне да се подобрат односите меѓу Франција и Австралија“, рече тој.

Сè започна два дена пред објавувањето на воспоставувањето на воено-безбедносниот пакт Аукус и поништувањето на договорот за француска испорака на подморници во Австралија. Макрон подоцна рече дека знаел дека Морисон го лаже и оти ќе се сврти кон САД и Велика Британија.

Австралија минатиот месец го раскина договорот вреден повеќе милијарди долари за купување француски подморници и одлучи да купи американски.

Морисон ги отфрли обвинувањата дека лажел и рече дека нема да дозволи таков однос кон Австралија. Француските медиуми го опишаа протекувањето во јавноста како „спектакуларно и исклучително ретко“.

Според Гардијан, очигледната намера била да се укаже дека Макрон однапред знаел оти договорот може да биде поништен. Но, Елисејската палата го негира ова и вели дека претседателот само сакал да знае што се случува, имајќи предвид дека се работи за договор вреден дури 49 милијарди фунти за купување на 12 моќни подморници.

– Знаевме дека Австралијците имаат некои проблеми, но тие главно се однесуваа на технички работи и рокови за испорака, како што е вообичаено со такви големи набавки и вредни договори – рече тој.

Британскиот весник пишува дека овие проблеми се споменуваат во преписката меѓу шефовите на двете земји. Франција демантира дека не одговориле на повиците од Австралија, односно дека ја попречувале соработката. Службеникот изјави за угледниот Le Parisien дека само еден повик пристигнал во палатата, во средата наутро додека Макрон бил на редовен неделен состанок на владата.

– Не е можно австралискиот премиер да не знаел за тој факт. Тој морало да знае дека претседателот во тоа време е недостапен, изјави неименуван функционер.

Подоцна истиот ден, официјален Париз дозна дека договорот е поништен и дека наскоро ќе се одржи прес-конференција.

Според „Гардијан“, Морисон минатата недела телефонски разговарал со Макрон, кој укажал на важноста од нормализирање на односите. Во меѓувреме, Морисон инсистира дека бил многу јасен на вечерата во јули оваа година со Макрон, на кого му рекол дека конвенционалните дизел подморници нема да ги задоволат стратешките потреби на Австралија. Но и  додал дека не може со сигурност да каже дека ќе купи американски или британски нуклеарни подморници бидејќи тие планови сѐ уште се чувале во тајност.