,,Џевахир Менаџмент” компанија од групацијата ,,Џевахир” заедно со арапски инвеститор се пред купување на скопски ФК ,,Работнички” објави порталот 24 инфо.
Според неофицијални информациите договорот е пред потпишување а ќе се реализира од следната сезона за кога инвеститорите имаат сериозни планови и враќање на шампионските амбиции на Работнички.
„Џевахир Менаџмент“ фудбалската агенција која е верифицирана во мај минатата година застапува неколку македонски фудбалери кои играат во домашното но и во странските првенства.