Обожавателите на култната романтична комедија „My Best Friend’s Wedding“ имаат причина за славење. Џулија Робертс потврди дека е во преговори да ја повтори својата улога како Џулс Потер во долгоочекуваното продолжение. Актерката, добитничка на Оскар, ја откри веста во интервју за „Варајети“.

Додека дискутираше за нејзиниот нов филм „After the Hunt“, 57-годишната актерка беше прашана дали ќе се појави во продолжение на хитот од 1997 година. „Ми се јавија“, одговори кратко Робертс, потврдувајќи дека разговорите се во тек. „Варајети“ објавува дека актерката се насмеала кога режисерот Лука Гвадањино, кој исто така се појави во интервјуто, на шега рекол дека ќе го режира продолжението „во секунда“.

Веста за продолжението првпат се појави кон крајот на јули, кога беше објавено дека режисерката Селин Сонг, потпишала договор за сценариото.

Иако 37-годишната Сонг е потпишана за сценариото, режисерот и остатокот од екипата сè уште не се официјално потврдени. Оригиналниот филм е режиран од австралискиот режисер П.Џ. Хоган.

фото: принтскрин

Текстот Џулија Робертс ги потврди преговорите за продолжение на култната романтична комедија е превземен од МАКФАКС.