Регулаторната комисија за енергетика треба да одлучи дали ќе го прифати или не предлогот на ЕВН Хоум за новата цена на струјата.

Доколку тој е прифатлив регулаторите се очекува да соопштат колкави сметки за струја ќе плаќаат граѓаните од јануари.

Доколку пак не биде прифатена предлогот повторно ќе биде вратен до ЕВН. Според предлог одлуките на Комисијата, цената на услугата на Електродистрибуција се зголемува за 13,37 отсто, на Мепсо за 13, 37 проценти и на Мемо за речиси 36 отсто, но ова енергетско тело има најмало учество во крајната цена за домаќинствата и малите потрошувачи.

Од друга страна според информациите во сметките ќе има намалување на мрежарината, на сметка на нова ставка, пристап до мрежа, која ќе ја плаќаат лицата кои поседуваат празни викендици, куќи, станови. Е