Прва грчка блокада на албанскиот евроинтегративен пат. Грција не се согласи на заедничко писмо со 27-те земји членки на ЕУ за отворање на првите поглавја со Албанија, објави Катимерини, а пренесува Телма.

Ваквиот потег го испровоцира затворањето на градоначалникот на Химара, кој е етнички грк. Атина обвини за кршење на неговите права. Катимерини пишува дека ваквиот развој на настаните го разделуваат заедничкиот европски пат на Албанија и Македонија, и потсетува дека пред само неколку дена е објавен извештајот  на европската комисија за нивниот напредок.

Атина ќе го преиспита својот став, само доколку Тирана преземе чекори со кои ќе покаже дека има простор за дискусија, се потенцира во текстот на Катимерини.
Грција инсистира Белери да добие шанса за заклетва за градоначалник, барање кое албанските судови досега го одбиваа. На 22 овој месец е следното рочиште на кое ќе му се суди за купување на гласови. Случајот е нотиран и во извештајот на европската комисија како сериозен проблем кој ги комплицира грчко-албанските односи.