Лидерска средба со една точка предвремени избори како што бара лидерот на ВМРО-ДПМНЕ нема да има, но премиерот Ковачевски денеска ја отвори можноста за средба во проширен состав меѓу политичките лидери и со поинаков дневен ред.
Advertisements
Ковачевски и понатаму смета дека Мицкоски постапува неодговорно и дека најавената блокада на паралментот е на штета на граѓаните, но дека вкласта ќе се однесува одговорно во Собранието.
Мицкоски пак, одговара лидерска за важни прашања за граѓаните може, но само доколку на нејзе се договори и датум за предвремемни избори.
Претходно и владиниот партнер на Ковачевски – Ахмети испрати порака дека блокадите и уцените не се решение, но дека тој смета дека лидерски средби за важни државнички прашање се добри.
Доколку во наредните четири дена не се дојде до компромис за лидерски состанок опозициските ВМРО-ДПМНЕ и БЕСА веќе најавија бојкот во Собранието на сите законски решенија освен оние за кои сметаат дека директно им помагаат на граѓаните.
Од Алијанса на Албанците се за предвремени избори, но одлука за бојкот се уште нема. Од Левица пак, засега без коментар за политичката ситуација.