Ќерката на Моника Белучи и Винсент Касел, Дева (21) на црвениот тепих се појави со своето момче, 24-годишниот италијански актер Саул Нани.
Младиот пар ја промовираше серијата „Леопард“ на Нетфликс во која и двајцата глумат, а штом се појавија пред камерите го украдоа целото внимание.
Младиот пар позираше самоуверено, а корисниците на социјалните мрежи коментираа дека ги потсетуваат на мајката и таткото на Дева во нивните млади денови.
„Пред две години, поминавме шест месеци оживувајќи го Леопардот, не само како приказна, туку како љубовно писмо до оваа земја. Тоа ме научи повеќе отколку што очекував – за уметноста, историјата и неверојатните луѓе. Но, среде сето тоа, запознав некој кој стана мое сидро на ова патување…“ напиша Дева претходно покрај фотографиите од неа и Саул на сетот.
Врската ја потврдија во 2023 година.
Дева Касел веќе полека го освојува модниот свет. Таа неодамна прошета на пистата за престижниот бренд Долче и Габана на модната недела во Милано. Во светот на манекенството влезе на 15 години, а неколку пати ги красеше насловните страници на познатите списанија. Таа е едно од лицата на модната куќа D&G и веќе има носено неколку нивни ревии во Милано и Париз. Таа оваа година сними и реклама за тој бренд.
Текстот Ќерката на Моника Белучи во нова серија на Нетфликс: глуми со своето момче е превземен од МАКФАКС.