Мишел Ритер (31), поранешна партнерка на поранешниот извршен директор на Google, Ерик Шмит (70), го обвини за злоупотреба, прогонување и токсична машкост, барајќи забрана за приближување, според судските документи што ги поднела во декември 2024 година, барајќи забрана за приближување. Обвиненијата беа поднесени само една недела откако двојката склучи писмен договор со кој Шмит требаше да ѝ плати „значителна сума“, објави „Пејџ Сикс“.
Во тужбата, Ритер – дипломирана на Правниот факултет на Колумбија – тврди дека Шмит ја надгледувал дигитално, ѝ го ограничил пристапот до нејзиниот стартап Steel Perlot, во кој тој вложил 100 милиони долари, и дека не можела да оствари ниту еден приватен повик или е-пошта без надзор, пренесе „Индекс“.
Ритер и Шмит биле во врска од 2021 до 2024 година.
Шмитовите адвокати ги нарекоа обвинувањата „лажни и злоупотреба на судскиот систем“. Новото рочиште е закажано за 4 декември во Лос Анџелес.
Текстот Љубовница го тужи поранешниот шеф на „Гугл“: „Не можев да испратам ниту мејл без надзор“ е превземен од МАКФАКС.