Членот на привремената управа на фудбалскиот клуб Партизан, Расим Љајиќ, за „Спорт клуб“ изјави дека клубот ќе добие лиценца од УЕФА за настап во европските купови, наредната сезона.
УЕФА го одби Партизан, поради неисполнетите обврски кон пораншениот фудблер Никола Антиќ. Фудбалерот минатото лето од Партизан се пресели во Казахстан.
„Нема ништо спорно. Партизан во текот на денот ќе му достави распоред за отплата на долгот на Никола Антиќ на 15 рати. А тоа е последниот документ неопходен за добивање лиценца“, најави Расим Љајиќ.
Сепак…
„Има уште еден дел за кој во овој момент нема договор со претставниците на поранешниот фудбалер на нашиот клуб. Ќе разговараме и на таа тема, има две опции: договор, или суд. Во овој момент тоа е тотално неважна работа за одлуката за добивање лиценца од УЕФА, рече Расим Љајиќ и порача:.
„Партизан ќе игра во Европа, без сомнение!
Постапката за лиценцирање за европските натпреварувања ја спроведува и Фудбалскиот сојуз на Србија преку надлежната комисија.
Текстот Љаиќ: Ништо не е спорно, Партизан ќе добие УЕФА-лиценца е превземен од МАКФАКС.