Жичницата на Водно функционира согласно сите пропишани стандарди за безбедност и поседува валиден безбедносен сертификат до 24 септември 2025 година, соопшти Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) Скопје, откако во јавноста се појавија информации дека безбедноста ѝ е нарушена и дека подолго време работела без дозвола.

„По многуте пишувања и шпекулации во медиумите, должни сме да не дозволиме да се створи паника околу безбедноста на жичницата. Жичницата има валиден сертификат за работа до 24 септември 2025 година. Во моментов се спроведуваат сервисни работи за замена на делови кои се дел од предвидениот годишен сервис“, велат од ЈСП Скопје.

Од претпријатието информираат дека во текот на вчерашниот ден бил извршен и вонреден детален технички инспекциски надзор од Министерството за транспорт и врски. „Во инспекцијата не беа констатирани технички недостатоци, односно беше утврдено дека жичницата е во исправна и функционална состојба“, додаваат од ЈСП.

„Ве известуваме дека безбедноста е по сите пропишани стандарди и по завршување на тековниот сервис кој се врши месецов се гледаме, на падините на Водно и граѓаните повторно ќе го почувствуваат бенефитот од функционирањето на жичницата“, порачуваат од ЈСП Скопје.

Жичницата што ги превезува скопјани и туристите од Средно Водно до врвот и Милениумскиот крст е привремено запрена поради обемен сервисен зафат