Јавното сообраќајно претпријатие – Скопје ги известува граѓаните дека на социјалната мрежа Фејсбук се појавила страница која лажно се претставува како нивна официјална.
„Јавно сообраќајно претпријатие – Скопје нема никаква поврзаност со оваа Фејсбук страница ниту, пак, со активностите што таа ги спроведува иако во некои случаи споделува наши содржини за да манифестира поврзаност со нас. Токму затоа сакаме да ја известиме јавнoста да не наседнува на ваквите лажни фејсбук страни и лажни статуси по социјалните мрежи кои имаат една цел, а тоа е да наштетат на работата на Јавното сообраќајно претпријатие,“ стои во соопштението на претпријатието.
Од таму додаваат дека лажната страница и содржината што ја објавува веќе се пријавени на Facebook како измама, а институцијата ќе преземе соодветни мерки согласно позитивните законски прописи, по целосна анализа на случајот.
„Ова е единствената наша официјална страница на Фејсбук,“ потенцираат од ЈСП Скопје.