„ДКСК да отвори случај за хациендата на Славјанка Петровска во Радишани, како е направена, со кои пари и без документи.

Славјанка Петровска да не мисли дека е заборавено дека истата изградила огромна хациенда во Радишани на диво, без документи.

Петровска ја криеше хациендата, но сметките за струја и вода кои беа објавени, а се на името на татко и говорат дека истата и те како има поврзаност со спорниот имот.

Петровска да не се крие и да каже дали ужива во благодедот хациендата? Дали некој од нејзиното семејство ја користи? Зошто ја крие и од кои пари е направена?

ДКСК да не чека Петровска да се изјасни туку да отвори случај за хациендата на Славјанка.

Доволно е Антикорупциска да погледне на чие име се сметките на луксузната хациенда, тоа е појдовна основа од каде може да почне да истражува.

Помина времето на политичари кои го крадеа народот и остануваа неказнети.

Одговорност мора да има“, изјави на денешната прес-конференција Тони Јаревски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.