Полицијата во Лесковац го уапси Д.Д. (43) од Печењевац, осомничен за тешко убиство на неговата 36-годишна партнерка. Тој е осомничен дека ја убил на 2 ноември во семејната куќа, по што избегал. Му е одреден притвор до 48 часа и ќе биде приведен во Вишото јавно обвинителство во Лесковац со кривична пријава, пишува српски Телеграф.

Злосторството што ја потресе Србија беше откриено кога полицијата го пронајде телото на Катарина Глигоријевиќ скриено во замрзнувач. Нејзиниот вонбрачен партнер, Далибор Демировиќ, веднаш беше осомничен за нејзиното убиство.

Во времето на неговото бегство, Демировиќ наводно бил во домашен притвор со електронски мониторинг за друго кривично дело.

Тој бил ставен во домашен притвор за напад врз службено лице, полицаец, врз кого наводно фрлил ограда од тераса. Сепак, локалните жители се сомневаат во оваа верзија.

фото: принтскрин

Текстот Ја уби својата партнерка, па нејзиното тело го скри во замрзнувач: српската полиција го фати 43-годишниот убиец е превземен од МАКФАКС.