Градоначалничката на Град Скопје ја доби целосната доверба на Европската народна партија (EPP European People’s Party) сестринската партија на ВМРО-ДПМНЕ и едногласно беше избрана на висока функција во структурите на партијата во рамки на Конгресот. Арсовска на предлог на претседателството на Европската народна партијата во Конгресот едногласно беше избрана за потпретседател на Европската народна партија за локални власти, додека за претседател на Европската народна партија за локални власти беше избран Андерс Кнапе.
Ова е навидум една позитивна вест која поради пукањто во „Ист Гејт Мол“ и дневно политичките настани помина речиси незабележително“, ама се поставува прашањето зошто сестринската партија ја дава токму довербата на Арсовска, најголемиот непријател на ВМРО-ДПМНЕ. Тоа значи дека или раскинувањето на Арсовска со ДПМНЕ е чиста глума за пред камери или пак причина за ова раскинување е врската на Арсовска со бегалецот Никола Груевски за повторно воскреснување на старото ВМРО-ДПМНЕ. Во вториот случај можно е и формирање нова партија, за која Арсовска минатиот месец почна да собира потписи или пак формирање на повеќе партии.
Мицкоски требаше да се дистанцира од Милошоски и Николовски, изјави на времето Даниела Рангелова, која како „рано предупредување“ укажа дека ВМРО-ДПМНЕ не успеа да се демократизира и дека Мицкоски не смогна сили да ја ослободи партијата од авторитарното наследство на Груевски и на неколктемина околу него. Ова предупредување на Рангелова во 2020 година, денеска го гледаме како реалност имајќи го предвид фактот дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, наместо да има релација и комуникација со Извршниот и Централниот комитет, се бори со „слободните радикали“ во партијата Антонио Милошоски и Александар Николовски.
Дополнителен сомнеж дава и вчерашното патување на Мицкоски во Будимпешта, каде заедно со потпретседателот на партијата Александар Николоски на средба со Орбан. Тоја само ја покажува нивната антиевропска ориентација, бидејќи јасни се ставовите на Орбан.
Николоски е еден од најгласните функционери на ВМРО-ДПМНЕ кои ја повторуваат тезата за унитарноста на земјата, за засилување на идентитетот, бидејќи ќе се знаело дека тоа тоа е држава на Македонците, а дека другите во нејзе се малцинства, итн, итн. Очигледно е дека не го разбира или не може да се помири со концептот на Македонија и затоа одбраната и застапувањето на таа теза Николоски најревносно ја бранеше кога го наметнуваше хрватскиот устав како модел.
Како што соопштија од ВМРО – ДПМНЕ, пак во текот на денот во Будимпешта бил направен пресек на соработката и работата на двете партии во насока на размена на искуствата што се користат при изработка на програмата на ВМРО-ДПМНЕ за наредните избори. Воедно било разговарано за идни проекти и планови за развој, кои, се наведува во соопштението, би се реализирале веднаш по промената на власта во Македонија.
Зошто?
Бидејќи веќе подолг период се шпекулира дека опозициската ВМРО-ДПМНЕ не е баш во добри односи со сестринската ЕПП и дека Христијан Мицкоски нема никаква поддршка бидејќи тој има сериозен проблем со меѓународните претставници, а во неколку наврати од различни центри Мицкоски беше посочен како проруски играч кој ги кочи интегративните процеси.
А како што знаеме раскол во партијата постои од поодамна, а членството е незадоволно од потезите кои ги презема Мицкоски.
Како на ова ќе реагираат умерените, односно проевропски ориентираните сили во ВМРО, и дали ќе имаат сили да се ослободат од радикалите во своите редови, останува да се види набргу.
Ова го покажува и неговото последно патување во Брисел каде освен двете изјави на Мицкоски за телевизија Алфа и фотографиите од средбата со Манфред Вебер, претседателот на нивното партиско семејство, Европската народна партија, нема никакви други детали за средбите во Брисел.
Мицкоски како 13-то прасе
Во најавата за посетата на Брисел партијата пишуваше дека Мицкоски на 26 јуни ќе се сретне со Симон Морду, главен советник за надворешни работи на претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел. Тој ден ќе имале работна вечера со австрискиот европратеник од ЕПП, Кристијан Сагарц, известувач во сенка за Македонија во Европскиот парламент.
Дека делегацијата на ВМРО-ДПМНЕ ќе има работен доручек со Ангелина Ајхорст – директорка за Европа и Централна Азија во службата за надворешни работи на ЕУ, а потоа средба со Патрик Волер, директор за меѓународни односи на ЕПП. Подоцна вмровската делегација ќе оствари средба и со Манфред Вебер, претседател на ЕПП и претседател на парламентарната група на ЕПП во Европскиот парламент.
Што и да било кажано на вмровската тројка околу уставните измени не се знае. Нема никаков запис за нивните средби на веб-страниците во ЕУ. Ни на страницата на ЕПП нема запис дека се одржала средба меѓу Манфред Вебер и Христијан Мицкоски. А во официјалната подолга изјава од самитот на лидерите на ЕПП пред самитот на Европскиот совет, Македонија воопшто не се споменува. Иако Мицкоски по лидерската средба велеше дека ќе иницира во ЕУ уставните измени да важат откако ќе се ратификува договорот за прием на Македонија во членство, избори да има есенва, а тој презема обврска да разговара со неколку премиери нивните земји да излезат со декларации за признавање на македонскиот идентитет, култура и јазик и со тој документ да дојдат и да им покажат на македонските граѓани дека имаат чиста визија за нашето членство. Тоа го направи германскиот Бундестаг, но не по негово лобирање, а истото го најавува и Франција. Во двете земји владејачки партии не се од групацијата на ЕПП.
Арсовска веќе најави нова партија?
Арсовска е конзул на Унгарија во земјава, многу често е поврзувана со поранешниот премиер Груевски, кој е во азил во Унгарија веќе шеста година. Таа минатата година се скара со партијата која застана позади нејзината кандидатура, ВМРО-ДПМНЕ поради наводно откритие на криминал во „Водовод и канализација„, спомнувајќи рачиња во мед, но до денеска не извади никакви документи за да го докаже овој криминал.
Во септември се појави информација дека ќе формира нова паертија, адресата на која ќе биде регистрирана партијата, како што објави „Фокус“ пред повеќе од еден месеце на местото каде што се наоѓаат фирми на нејзиниот соработник Драган Митковски, кој, како што објавија дел од медиумите, е близок човек на Груевски.
Ваквите наводи на својот официјален фејсбук-профил ги демантира експремиерот Груевски, велејќи оти Митковски никогаш не му бил ниту формален ниту неформален советник. Вели дека нема никаква комуникација и поврзаност ниту со него ниту со Арсовска, но како што знаеме тој негира се, дека дури нема ниту имот, па веројатно од таа преспектива човек да помисли и дека живее сиромашно таму во Будимпешта и нема леб да јаде.
Заедничките фотографии со Митковски, кои ги објавија дел од медиумите, поранешниот премиер вели дека се направени на зеднички собири со останатите соседи од истото маало, а повеќето од нив, според него, се одамна иселени оттаму.
„Со Данела Арсовска, пак, како што еднаш објавив, сум имал отприлика 6-7 службени средби во време кога таа беше претседател на ССК, а јас премиер и претседател на ВМРО-ДПМНЕ. Оттогаш, ниту имам комуникација со неа, ниту каква било соработка или поврзаност со политичките активности и планови на Данела Арсовска и Драги Митковски, ниту, пак, тие се обиделе да побараат нешто такво“, додава Груевски.
Арсовска, почнала да собира потписи за формирање политичка партија, „Правда“, а седиштето ќе биде на улица „Ѓорче Петров“ бр. 49 во Општина Ѓорче Петров.
Оваа адреса, како што додаваат од „Фокус“, според податоци од Централен регистар, е на местото каде што се наоѓаат фирми на нејзиниот соработник Драган Митковски.
Молк во ЕПП за азилот на Груевски во Унгарија
Ниту еден од шефовите на држави и влади на земјите членки на Европската Народна Партија до денеска не го коментира одобрениот азил на Никола Груевски во Унгарија.
Единствено еврокомесарот за проширување Јоханес Хан во декември 2018 година искоментира дека ќе се обиде да го праша Виктор Орбан за појаснувања . тој тогаш беше и потпретседател на ЕПП, за МИА изјави дека не очекува никаков одговор од Орбан, освен дека се е согласно законот и владеењето на правото во Унгарија.
На влезот на претсамитот на ЕПП истата година, МИА го праша и тогашниот кандидат на оваа партија за следните европски избори, Манфред Вебер, денес претседател, дали има став за азилот на Груевски, но тој само кусо одговори дека нема да ја коментира оваа тема. Вебер пак и до денес не ја спомнал темата за азилот на Груевски.