Рома не излегува од кризата. Синоќа доживеа тежок дебакл во Фиренца. „Волчицата“ загуби од Фиорентина со 5:1. Според медиумите нема да биде изненадување доколу тренерот Иван Јуриќ добие отказ.

Натпреварот против Фиорентина е трет во низа без победа во Серија А. Јуриќ е свесен дека тимот е во криза, што несомнено го покажа и натпреварот против Фиорентина.

„Направивме се погрешно. На претходните седум натпревари покажавме добра концентрација, но сега имавме лош став, лош менталитет и лош пристап, што навистина не го очекував. Изгледаше како да заборавивме на се што научивме во ова време“, изјави Јуриќ.

Иако се наоѓа под голем притисок да поднесе оставка или да биде сменет, хрватскиот тренер инсистира напорната работа да не се отфрли лесно.

„Не можете да фрлите 40 дена напорна работа во тоалет. Научивме многу, покажавме многу добри работи во претходните седум натпревари и тоа не се брише со гума“.

Рома моментално е 11. на табелата со 10 бодови.

Текстот Јуриќ: Не можете така лесно да фрлите 40 дена напорна работа е превземен од МАКФАКС.