Клубовите кои се гордост на на шпанската покраина Баскија, Реал Сосиедад и Атлетик Билбао, ќе бидат актери на двата најпривлечни натпревари во осминафиналето во Лига Европа.

Ждрепката одржана во седиштето на УЕФА во Нион во оваа фаза ги спои Реал Сосиедад и Манчестер јунајтед, односно Рома и Атлетик Билбао.

Осминафинални двојки:

Викторија Плзен – Лацио
Боде/Глимт – Олимпијакос
Ајакс – Ајнтрахт
АЗ Алкмар – Тотенхем
Реал Сосиедад – Манчестер јунајтед
ФЦСБ – Лион
Фенербахче – Ренџерс
Рома – Атлетик Билбао

Првите осминафинални натпревари се закажани за 6, а реваншите на 13 март.

Боде/Глимт/Олимпијакос – Викторија Плзен/Лацио
АЗ Алкмар/Тотенхем – Ајакс/Ајнтрахт
Фенербахче/Ренџерс – Рома/Атлетик Билбао
ФЦСБ/Лион – Реал Сосиедад/Манчестер јунајтед

Полуфинални двојки:

АЗ Алкмар/Тотенхем – Ајакс/Ајнтрахт против Боде/Глимт/Олимпијакос – Викторија Плзен/Лацио

Фенербахче/Ренџерс – Рома/Атлетик Билбао против ФЦСБ/Лион – Реал Сосиедад/Манчестер јунајтед

Четвртфиналните натпревари ќе се играат на 10. и 17. април, полуфиналните на 1. и 8. мај, додека финалето е закажано за 21. мај во Билбао.

Текстот Јунајтед ќе гостува во Сан Себастијан, Рома против Атлетик Билбао е превземен од МАКФАКС.