Манчестер јунајтед и со новиот тренер не игра добро. Вчера, доживеа тежок пораз на домашен терен од Борнмут (0:3). Јасно е дека Рубен Аморим тешко може да направи нешто со играч кои не ги селектирал. Јунајтед ќе бидат активни ви јануарскиот преоден рок. Шпанците тврдат дека можен е трансферот на Лука Сучиќ од Реал Сосиедад.

„Лука Сучиќ стана едно од имињата на сезоната во шпанското првенство. Хрватскиот играч за врска, кој минатото лето дојде во Реал Сосиедад за 10 милиони евра, се истакна со техничките квалитети, прегледот на играта и карактеристиките кои не останаа незабележани Манчестер јунајтед“, пишува „Фихајес“ во текстот под наслов „Манчестер јунајтед ја сака ѕвездата на Реал Сосиедад“.

Хрватскиот репрезентативец во текстот е опишан како ѕвезда на клубот и наведува дека придонесот во играта на Сосиедад е добар.

„Неговата способност да доминира во средниот ред и да придонесе и за нападот и за одбраната го направи клучен играч во шемите на Иманол Алгуасил. Неговата младост и просторот за напредок го прават уште попривлечен за елитните европски клубови“, се додава во текстот.

Според „Фихајес“, Јунајтед во Сучиќ гледаат долгорочно решение за тимот кој ќе доживее сериозна реконструкција.

Според овој извор шпанскиот клуб „не е познат по тоа што лесно се откажува од своите ѕвезди“, но дека понудата на Јунајтед може да биде таква што ќе биде тешко да се одбие.

Се посочува дека тоа би можело да биде околу 40 милиони евра. Сучиќ оваа сезона одигра 17 натпревари за Реал Сосиедад. Тој постигна еден гол и забележа една асистенција. Со клубот има договор до летото 2029 година.

Текстот „Јунајтед понудиле 40 милиони за Лука Сучиќ“ е превземен од МАКФАКС.