Јувентус има намера во летниот преоден рок да ја засили одбраната. Трансфер инсајдерот, Фабрицио Романо, тврди дека „Старата дама“ се распрашува за дефанзивецот на Вилјареал, Пау Торес.
Како, Јувентус ќе реагира на трансфер-пазарот ќе зависи од позицијата во која ќе биде клубот. Прашање е како ќе реагира УЕФА. Од Нион најавија дека ќе го суспендираат клубот на една сезона од европските купови.
Пау Торес ги мина речиси сите младински категории на Вилјареал, во првиот тим е од 2017 година. Тој помина само една година на позајмица во Малага. Торес е дел од тимот што ја освои Лигата на Европа во сезоната 2020/21. Според шпекулациите, Вилјареал за него бара најмалку 40 милиони евра.