Најголемиот италијански клуб Јувентус е подготвен да се откаже од настапите во Европа. Поради одземените 10 бода, Јувентус место во Лигата на шампионите заврши во Конференциската лига, но и тоа како е веројатно дека „Старата дама“ нема да игра ниту во ова натпреварување.

Како што пренесува „Тутоспорт“, Јувентус е во преговори со УЕФА доброволно да се повлече од Конференциската лига и тоа да биде казна за нив за кршењето на финансискиот фер-плеј за време на пандемијата на коронавирусот.

Со овој предлот Јувентус се појави пред УЕФА, подготвени се да ја пропуштат сезоната во Европа, а за тоа сега чекаат само прифаќање на нивното барање од Европската куќа на фудбалот.

Веќе од претходно УЕФА беше подготвена да го исфрли Јувентус од сите натпреварувања. Да беше во прашање Лигата на шампионите сигурно и постапиле поинаку, но со оглед на фактот дека Конференциската лига е второразредно натпреварување јасно е дека италијанскиот тим воопшто не размислува да се откаже од истото.

Прикажи повеќе