Јувентус синоќа загуби на гостувањето кај Челзи со 4:0 во натпреварот од 5. коло во Лигата на шампионите. Торинскиот клуб го претрпе најголемиот пораз во Лигата на шампионите во последните 63 години.
Во октомври 1958 година, Јувентус загуби од австриски Винер со 7:0 во прелиминарното коло од тогашниот Куп на шампионите.
Последен пат Јувентус загуби со четири гола разлика во февруари 2004 година на натпреварот против Рома (0:4).
По пет кола во Х-групата, Јувентус и Челзи со по 12 бода се пласираа во плејофот од Лигата на шампионите, Зенит е трет со четири бода и ќе продолжи во баражот за Лигата на Европа, последен е Малме со само еден освоен бод.