Македонскиот кошаркарски стратег и некогашен селектор, Јорданчо Давитков, ја заврши својата авантура во романскиот клуб Таргу Џиу, со кого денеска ги раскина договорот.

Тимот официјално потврди дека пријателски се разделиле со Давитков и му посакаа успех во понатамошната кариера.

Таргу Џиу е во серија од четири порази по ред, а последен меч за Давитков на клупата беше синоќешниот против Динамо Букурешт.