Кајли Џенер (24) синоќа ги шокираше сите со својот чуден изглед кога се појави на црвениот тепих на Мет Гејл, по повеќе од една година медиумска изолација.
Милионерката дошла облечена во венчаница, а на главата носела бела капа, превртена наопаку со превез.
Бизарниот фустан имаше испечатено „OFF“ што навестува дека е дело на починатиот дизајнер Вирџил Аблох, кој неодамна почина.
Се чинеше дека Кајли беше свесна за своето необично модно издание, па беше многу сериозна во текот на целата церемонија.
Инаку, на црвениот тепих и се придружија нејзините сестри: Клои Кардашијан, Ким Кардашијан, Кортни Кардашијан и Кендал Џенер.