Околу 442 милиони луѓе ширум светот страдаат од дијабетес. Многу од нив прибегнуваат и кон алтернативни начини за намалување на нивото шеќер во крвта, а еден од нив е употребата на јаболков оцет.
Така, се поставува прашањето – колку всушност е корисен јаболковиот оцет за овој здравствен проблем? Истражување објавено во списанието на Американското здружение за дијабетес покажа дека ова е вистина. Испитувањата ги предводеа Керол С. Џонстон, Синди М. Ким и Аманда Џ. Булер. Испитаниците имале за задача – оброци кои се состојат од печива, путер и сок од портокал. По оброкот, човекот зел јаболков оцет или „плацебо“. Истражувачите така го проверувале нивото на гликоза во крвта (шеќер), 30 и 60 минути по оброкот.
Откриено е дека оцетот значително го намалува нивото на шеќер во крвта после оброкот. И неколку други научни трудови дојдоа до истиот заклучок.
Се разбира, оцетот не може магично да излечи дијабетес, но може умерено да го намали нивото на гликоза. Тоа не е замена за лековите за дијабетес, но е доволно безбеден додаток во полза на лекувањето на оваа болест.
Но, имајте на ум дека не треба да го користите доколку имате проблеми со бубрезите.