Во рамки на активностите за унапредување на меѓународната соработка и размена на добри практики со партнерските земји, градоначалникот на Град Скопје, Орце , оствари работна средба со амбасадорот на Република Турција во Македонија, Фатих Улусој.
„Амбасадорот Улусој го запознав со нашата програма и визија за современо, паметно и урбано Скопје, како и со јасната заложба за забрзан развој на нашиот град. Заеднички ја потенциравме долгогодишната соработка и традиционално добрите односи меѓу нашите две земји. Разговаравме и за тековните активности на Град Скопје, како и за можностите за понатамошно унапредување на партнерството, особено во сферата на урбаниот развој, инфраструктурните проекти, културната размена и соработката со бизнис-заедницата“.
Посебно внимание, нагласи Ѓорѓиевски било посветено на потенцијалните иницијативи кои би донеле конкретни придобивки за граѓаните на Скопје, како и на размена на добри практики во локалното управување.
„Ја нагласив подготвеноста на Град Скопје да продолжи да работи на продлабочување на односите со Република Турција, а амбасадорот Улусој ја истакна континуираната поддршка на Турција за развојните процеси во нашиот град.
На крајот, заеднички го потврдивме потенцијалот за нови иницијативи и активности што ќе придонесат за подобар квалитет на живот на скопјани и за понатамошно зацврстување на меѓусебната соработка“.
Текстот Ѓорѓиевски-Улусој: во фокусот унапредување на урбаниот развој, инфраструктурните проекти, соработката со бизнис заедницата е превземен од МАКФАКС.























