Најдобриот светски тенисер, Србинот Новак Ѓоковиќ се наоѓа на списокот репрезентативци за настап на претстојниот АТП куп во Сиднеј, закажан од 1. до 9 јануари, објавија денеска австралиските организатори.
Освојувачот на 20 гренд-слем титули претходно го доведе во прашање својот настап на првиот календарски Гренд слем турнир Австралија опен, одбивајќи да одговори дали е вакциниран против коронавирус, што е услов за влез во австралиската сојузна држава Викторија.
АТП купот не наметна обврска за задолжително вакцинирање, но секој патник за влез во Австралија мора да покаже потврда за вакцинирање или да мине 14 дено ви во карантин. Невакцинираните тенисери во тој случај мораат да пристигнат во Сиднеј најдоцна до 16 декември.
Од 20-те најдобро рангирани светски тенисери на АТП купот во Сиднеј ќе недостигаат само двајца – Шпанецот Рафаел Надал и Швајцарецот Роџер Федерер.
Титулата ја брани Русија, која во Сиднеј ќе допатува во истиот состав, кој во неделата го освои Дејвис купот со триумфот во финалето над Хрватска.(МИА)