Според астрологијата секоја жена има по една своја карактеристика зависно од хороскопскиот знак, што може да ви помогне подобро да ја разберете и да сфатите што е она што ја „излудува“.

Овен

Жените родени во овој знак знаат дека се способни да се справат со сите типови на луѓе, но и со сите предизвици.

Многу лесно знаат како да станат доминантни и да ја наметнат својата контрола, а ги „излудува“ кога некој за нив мисли дека се неснаодливи или ги третира како потчинети.

Бик

Овие жени постојано се подготвени да се борат за сопствените права, а ги „излудува“ кога сметаат дека им е нанесена каква било неправда.

Сепак, не очекувајте агресија и отворен бунт, овие жени мошне добро знаат како дипломатски да го добијат тоа што го сакаат и да излезат како победници во секоја битка.

Близнаци

Кај нив често може да се случи да забележите како лесно расчистуваат со поранешните партнери на пријателски начин, ако нешто не им се допаѓа.

Во основа, ова се жени со слободен дух што сакаат да флертуваат, а ги излудуваат љубоморни партнери што сакаат да ги затворат и ограничат и не им дозволуваат да го покажат својот шарм.

Рак

Станува збор за мошне емотивни жени, за кои семејството и саканите се секогаш приоритет.

Овие жени најмногу ги плаши и ги излудува кога чувствуваат несигурност и нестабилност. Затоа сакаат партнерот да се грижи како за финансискиот, така и за емотивниот аспект од нивните животи.

Лав

Лавиците вообичаено се мошне емотивни.

Тие никогаш нема да ја заборават емотивната болка што сте им ја нанеле, а ги излудува кога некој не покажува сочувство или не се грижи за нивните емоции.

Девица

Девиците сакаат да останат фокусирани на тоа како да ги вложат парите за иднина. Тие се мошне сконцентрирани на финансиите.

Лесно можете да ги извадите од такт доколку се расфрлате со пари и трошите неконтролирано.

Вага

Најсилното оружје на Вагите е во тоа што знаат да направат добар баланс помеѓу професионалниот и личниот живот.

Најчесто жените родени во овој знак се успешни и на двете полиња и се гордеат со тоа, а ќе ги изнервирате ако ги критикувате дека нешто занемариле или не успеале да завршат.

Скорпија

Овие жени често се грижат за тоа што ќе кажат другите за нив. Искрени се и лојални, а не можат да поднесат лаги и неверства.

Ако се обидувате да ги направите љубоморни за да ги придобиете, тоа е сигурен начин да ги загубите засекогаш, затоа што најмногу од сè мразат со нив да си играте „мозочни игри“.

Стрелец

Жените Стрелци се трудат да ја гледаат само својата работа.

Имаат потреба постојано да се во движење, а ќе ги извадите од такт доколку почнете да го критикувате нивниот слободен дух или ако ги отфрлите нивните нови идеи за авантурите во кои сакаат да се впуштат.

Јарец

Тие знаат како да ја искористат својата моќ за убедување за да ги постигнат сопствените цели. Мошне се упорни и истрајни и не се откажуваат лесно од тоа што го сакаат.

Лесно ќе ги изнервирате доколку им кажете дека нешто не можат да направат, a не поднесуваат мрзеливи луѓе што шират песимизам.

Водолија

Мошне се интелигентни и убедени се дека секогаш се во право.

Тие знаат дека „главата служи за размислување, а не срцето“ и затоа не поднесуваат кога партнерот носи избрзани и инстинктивни одлуки или прави „непромислени“ работи.

Риби

За нив е мошне полесно да ги решат туѓите проблеми, отколку да се сконцентрираат на сопствените.

Многу лесно можете да ги извадите од такт, ако почнете отворено и јавно да ги критикувате.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.