На 12.3.2023 година, Битола беше домаќин на уникатно музичко доживување со Влатко Стефановски трио, во покровителство на Шпаркасе Банка АД Скопје. Присутните во Народниот театар во Битола уживаа во неколкучасовниот концерт, а по завршувањето, настанот продолжи во пријатна атмосфера и дружење. Корпоративниот настан беше организиран за клиентите од регионот, како резултат на посветеноста на нивното задоволство и поддршка на нивните цели.

Шпаркасе Банка остварува долгогодишна соработка со музичкиот виртуоз на гитара Влатко Стефановски, кој со својата работа и посветеност оставa траен белег во македонската културна историја. Тој, како синоним за талент, квалитет и професионалност, е бренд-амбасадор на Банката, личност што верува во себе и во својот сон и успешно ја пренесува пораката кон луѓето да веруваат во себе и во својот потенцијал. Ваквите луѓе се наша вечна инспирација и затоа продолжуваме да ги поддржуваме сите оние што сакаат и имаат сила да ги менуваат нештата кон подобро. Културата и културните настани ја обединуваат заедницата, а како банка, преку поддршка на настани од ваков карактер, придонесуваме кон градење подобро општество за сите.

Задоволството на клиентите, на вработените и на соработниците е водечка цел на Шпаркасе Банка, како и вложувањето во заедницата, културата и во иновативните идеи што го движат светот напред, кон подобра иднина. И понатаму остануваме силно посветени на целта да обезбедиме поквалитетен живот за сите во нашето општество.

#ВерувајВоИднината