Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска планира да отпатува во Париз за да се сретне со претседателот Емануел Макрон, два дена по инаугурацијата на американскиот претседател Доналд Трамп.
Францускиот претседател околу пладне се очекува да го прими германскиот канцелар во Елисејската палата.
Покрај идното позиционирање на ЕУ во однос на САД, разговорите најверојатно ќе се фокусираат на војната во Украина и конфликтот на Блискиот Исток.
Текстот Шолц и Макрон се среќаваат по враќањето на Трамп во Белата куќа е превземен од МАКФАКС.