Екипата на Шкупи ја обезбеди и третата пролетна победа, откако во рамките на 21. коло во Првата Лига, забележа победа со резултат 3-2 против Тиквеш. Инасио и Адетуџи (два гола) беа стрелци на голови за актуелниот лидер, додека кај гостите погодија Стојков и Нгоба. Чаирчани ја зголемија предноста пред најблиските Шкендија и Академија Пандевит, кои одиграа нерешено во Тетово. Сега Шкупи има 10 бода предност пред тетовскиот тим и 11 бода повеќе од Академија Пандев.
На победа се радуваше и Струга Трим Лум, која забележа 3 бода благодарение на евроголот на Буњамин Шабани, совладувајќи го Борец во Велес.
Со истиот резултат, истотака на гости, Работнички го победи Скопје, додека натпреварот помеѓу Пелистер и Ренова е одложен поради снегот кој го зафати стадионот во Битола. Истиот ќе се одигра во понеделник (28.02.) на стадионот „Билјанини Извори“ во Охрид, во 14:00 часот.
Прва лига – 21 Коло
Шкупи 3-2 Тиквеш
Шкендија 0-0 Акад. Пандев
Борец 0-1 Струга Трим Лум
Скопје 0-1 Работнички
Македонија Ѓ.П 2-1 Брегалница
Пелистер – Ренова (28.02)