Во швајцарскиот Нион, македонските екипи ги дозна противниците во европските натпревари после ждрепката за второто квалификациско коло.
Advertisements
Во Лигата на шампионите, македонските репрезентативци Стефан Ристовски и Аријан Адеми со Динамо Загреб ќе се соочат со македонскиот шампион ФК Шкупи во второто коло од квалификациите, во случај чаирчани да го елиминираат тимот од Гибралтар, „Линколн Импс“ во првите квалификации.
Во меѓувреме, победникот во Купот на Македонија, екипата на Македонија Ѓорче Петров, во второто коло од Конференциската лига ќе се соочи со бугарскиот тим на ЦСКА Софија. Екипата на Ѓорче Петров европската авантура ја започнува од второто коло, по суспензијата на руските клубови, а во првиот натпревар на гости игра со бугарскиот тим на 21 јули, а реваншот е предвиден за 7 дена подоцна во Скопје.
Со ждрепка беше одлучено екипата на Академија Пандев доколку го мине првото коло против Легија Гдањск, во второто коло да игра со Рапид од Виена.
Шкендија, во случај да го елиминира тимот на Арарат од Ерменија, во второто коло од Конференциската лига ќе игра со Валмеира од Летонија.