Шест лица загинаа, а најмалку девет се повредени во пукотница што се случи во центарот на Сакраменто, во американската сојузна држава Калифорнија. Полицијата соопшти дека трагичниот инцидент се случил во неделата наутро, под околностите кои се утврдуваат. Имено, надлежните во полициско соопштение навеле дека на лице место пронашле „најмалку едно огнено оружје“.
Сведоците или кој имал снимка од пукањето биле повикани да контактираат со полицијата. „Бараме помош од јавноста за да ни помогне да ги идентификуваме осомничените за ова“, изјави началникот на полицијата во Сакраменто, Кети Лестер. Запрашана дали се трага по еден или повеќе осомничени, Лестер им рече на новинарите дека не знае.
Ројтерс јавува дека на социјалната мрежа Твитер се појави видео на кое се гледа како луѓето бегаат од улиците на Сакраменто, додека зад нив се слушаат пукотници. На видеото потоа може да се забележат неколку амбулантни возила кои доаѓаат на местото на настанот.