Откако беа подмирени сите документи за лиценцирањето на клубовите, Фудбалската Федерација на Македонија (ФФМ) ги извлече паровите за првото коло на Првата македонска фудбалска лига.
Бранителот на титулата Струга Трим Лум во првата рунда налета на новајлијата во првенството, екипата на Гостивар. Вардар пак ќе патува кај Брера во Струмица, Воска Спорт ќе ја дочека Шкендија. Сите клубови имаат свој противник и сезонава нема да има слободни екипи како што тоа беше случај лани со откажувањето на Ренова.
Прво коло на ПМФЛ:
Брера Струмица – Вардар
Воска Спорт – Шкендија
Струга Трум Лум – Гостивар
Тиквеш – Македонија ЃП
Брегалница – Силекс
Работнички – Шкупи
Стартот на сезонава во Првата македонска фудбалска лига е закажан за следниот викенд.