Во едно од нејзините последни интервјуа, Шакира откри кој пејач и помогнал за време на драматичното и тешко раскинување со фудбалерот Жерар Пике.
Колумбиската ѕвезда му посочи на Ролинг Стоун дека тоа е фронтменот на Колдплеј, Крис Мартин. Рекла дека се зближиле додека таа минувала низ тешко раскинување.
„Тој беше тука за мене кога раскинав и кога бев скршена. Секој ден ме проверуваше и ми испраќаше зборови на поддршка“, рекла таа.
Таа истакна дека нивното пријателство трае долго и го почести со убави зборови.
„Го гледам како личност која го гледа животот низ друга призма, која е чувствителна на потребите на другите луѓе и е многу емпатична“, додаде таа.
Пријателството на Крис и Шакира започна во 2014 година за време на шестата сезона на музичкото натпреварување The Voice, кога фронтменот на Колдплеј беше гостин ментор во шоуто.
Текстот Шакира: Крис Мартин беше тука за мене кога бев скршена по раскинувањето е превземен од МАКФАКС.