Џенифер Гарнер (52) наводно воопшто не е заинтересирана да ја обнови врската со Бен Афлек (52). Тие беа во брак 13 години, а извор близок на актерката изјави за „Пејџ Сикс“ дека таа не е отворена за нова романса со нејзиниот поранешен сопруг.
„Чувството не е взаемно. Таа е среќна со своето момче и не ни размислува за врска со Бен Афлек. Тие заедно ги одгледуваат своите деца и тоа е единствената врска меѓу нив од нејзина страна во моментов“, рекол изворот.
Да потсетиме дека Гарнер и Афлек беа во брак од 2005 до 2018 година, а и после тоа останаа во одлични односи заради своите деца. Заедно ги имаат ќерките Виолет (18) и Серафина (15) и синот Самуел (12).
По Гарнер, Бен извесно време беше во врска со Ана Де Армас. Пред три години тој се ожени со латино дивата Џенифер Лопез, но нивниот брак официјално заврши оваа година. Гарнер е во врска со претприемачот Џон Милер од 2018 година.
Текстот „Чувството не е взаемно“: Бен Афлек заинтересиран за нова врска со поранешната е превземен од МАКФАКС.