Напад со гранати и калашников врз косовската полиција на северниот дел, додека патролата била на пат за преземање на должноста на граничниот премин со Србија. Денешниот напад врз полицијата е четврти во последните три дена, а властите сметаат дека целта е да се спречат акции против шварцот.
„Нападот е извршен со рачна бомба и огнено оружје за кое постои сомневање дека е од типот АК-47. Ова е стаклото на едно од возилата што значи дека е пукано директно за да се повреди лицето“, изјави Самедин Мехмети, генерален директор на косовската полиција
Министерот за внатреши работи тврди дека Србија се обидува да го дестабилизира Косово, но според него, ситуацијата е стабилна.
„Не се плашиме од ниту едно сценарио на Србија, подготвени сме да се соочиме со секое сценарио, особено кога ќе ја земеме предвид безрезервната поддршка што ја добиваме од пријателските земји“, изјави Џелал Свечла, министер за внатрешни работи на Косово
Поранешниот премиер на Косово, Рамуш Харадинај, изјави дека „овие криминални дела се аларм за сите“. Канцеларијата на ЕУ во Косово остро го осуди, како што го нарече, „насилниот напад врз патрола на косовската полиција во општина Зубин Поток“. Четирите општини во северно Косово, Северна Митровица, Лепосавиќ, Зубин Поток и Звечане се населени со мнозинство Срби. Косовската полиција во февруари годинава објави дека почнала да затвора патишта кои се користат за шверц. /Алсат.мк
Шкелзен Аќифи