ШК Алкалоид и по четвртото коло го задржа максималниот ефект на Европскиот клупски куп, кој се одржува во Врњачка Бања, Србија. На Европскиот куп учествуваат 84 најдобри екипи од Стариот континент. По четири кола, покрај Алкалоид уште три екипи имаат максинален учинок.
Во четвртото коло, Алкалоид славеше победа над ШК Тајфун од Љубљана со 3,5:2,5.
Прв својата партија ја заврши велемајсторот Аравинд Читамбарам, искористувајќи ја невнимателноста на поранешниот Европски првак Иван Шариќ, и Алкалоид поведе со 1:0 во мечот. На третата табла Ју Јангји, со бели фигури одигра креативна партија со жртва на централен пешак за иницијатива, но сепак по долги маневри црниот успеа да ја одржи позицијата за реми.
Очекувано, на првата табла, Ајрун Еригаиси со бели фигури, во комплицирана позициона партија, долго се обидуваше да дојде до позначајна предност, но противникот успеа да одржи реми. Многи значајна победа извојува С.Л. Нарајан на петтата табла, против хрватскиот репрезентативец, велемајсторот Анте Бркиќ.
При водство на ШК Алкалоид од 3:1, уследи неочекуван пораз на Ји Веи со црни фигури на втората табла. Веи загуби од Нодирбек Јакубоев, кој со репрезентацијата на Узбекистан освоија Олимписко злато 2022 година.
Конечниот резултат беше поставен откако Александар Инѓиќ во тешка позиција по долга борба против Самвел Тер Сахакјан успеа да донесе половина поен за конечни 3,5:2,5 победа на Алкалоид.
ШК Алкалоид утре во рамки на 5.коло ги очекува дуел со Туркиш Ерлајнс.
Текстот Четврта победа на Алкалоид на Европскиот куп е превземен од МАКФАКС.