реклама
Британскиот крал Чарлс Трети и сопругата Камила со посета на Бордо каде со градоначалникот засади даб, посети експериментална шума и органско лозје, денеска ја заврши својата прва посета на Франција.
На последниот ден од неговата посета кралот Чарлс се фокусираше на прашањето за екологијата.
реклама
Во Бордо, наместо да одржи говор, тој се одлучи за симболичен чин: Со градоначалникот Пјер Хурмик, тој засади даб со посебни лисја, „избрани поради неговата способност да се приспособат на климатските промени“, во градините на Градското собрание, соопшти Бакингемската палата.
– Ова засадување ве обврзува мене и вас, рече Хурмик.
реклама
Кралот Чарлс Трети вчера во Париз предложи создавање на нов сојуз меѓу Велика Британија и Франција, посветен на одржливоста, биодиверзитетот и климата.
реклама