Некогаш најплатениот ТВ актер Чарли Шин откри дека од 2017 година е трезен и дека од тогаш не бил во врска.
„Ако немам девојка и не плаќам за тоа, математиката е едноставна“, изјави тој за „Пејџ сикс“.
Шин објасни дека апстиненцијата му донела мир: „Долго време сексот ми беше приоритет, но ова го доживеав како потребен одмор.“
Во мемоарите Шин вели дека немал доволно место за деца и врски, а призна дека повеќе од година не разговарал со ќерката Сами откако започнала кариера на „Онли фанс“.
Нов документарец на „Нетфликс“ открива и бизни детали од неговото минато – од управување со авион пијан, до напуштање рехабилитација за натпревар во бикини со Николас Кејџ.
Текстот Чарли Шин: Во целибат сум речиси 10 години е превземен од МАКФАКС.