Грчкиот медиум „Спортал“ претпладнево лансираше сензационална приказна во врска со кошаркарските клубови Црвена звезда и Хапоел Тел Авив.
Црвенз звезда по повредата на Џоел Боломбиј интензивно бара центар. Прв пик им е играчот на Хапоел, Џонатан Мотли. Американецот претходните две сезони беше во Фенербахче, а летово изненади со одлуката да се пресели во Еврокупот од Евролигата.
„Спортал“, тврди дека клубот од Белград нелегално го контактирал кошаркарот, ан што следувал одговор од сопственикот на Хапоел Офер Јанаи.
Хапоел, според овој извор, веднаш на на сите играчи на Црвена звезда им испратил понуди да го напуштат Белград и да се преселат во Израел. Газдата Јанаи за 1.000.000 долари им понудил повисоки плати од оние што ги имаат во Црвена звезда.
Како пример, новинарот Омри Менхим го наведува Американецот Коди Милер-Мекинтаер, кому му била понудена плата од 2,5 милиони долари.
По повод пишувањата на „Спортал“ се огласи и Црвена звезда.
„Глупости, нема ни да коментираме. Претпоставувам дека би знаеле дека некој се обидува да ги ангажира сите наши играчи“.
За разлика од овие тврдења, израелскиот новинар Арел Гинсбер има поинакви информации.
„Можам да потврдам дека Џонатан Мотли размислува за преселба во Црвена звезда. Клубот испрати огромна понуда на Мотли и тој сериозно размислува. Тој нема излезна клаузула и Хапоел ќе направи се за да го задржи, но нема да го принудат да остане“, напиша Гинсбер на „X“.
Текстот Црвена звезда демантира дека газдата на Хапоел сакал да им ги земе сите кошаркари е превземен од МАКФАКС.