Научниците анализирале бројни студии за механизмите на невролошките болести, собирајќи податоци кои укажуваат на загрижувачки импликации за луѓето кои често го чепкаат носот.
Истражувањата сугерираат дека невроинфламацијата кај Алцхајмеровата болест може делумно да биде предизвикана од патогени, како што се вируси, бактерии и габи, кои влегуваат во мозокот преку носот и миризливиот систем.
Ринотилексоманијата, позната како хронично чепкање на носот, може да внесе микроорганизми во чувствителната носна празнина, предизвикувајќи воспаление во мозокот поврзано со почетокот на Алцхајмерова болест.
Невроинфламацијата кај Алцхајмеровата болест делумно може да биде предизвикана од вирусни, бактериски и габични патогени кои влегуваат во мозокот преку носот и миризливиот систем“, велат истражувачите.
Со оглед на овие заклучоци, истражувачите ја нагласија важноста на превенцијата преку одржување на хигиената.
Една од лекциите научени од пандемијата на коронавирусот е важноста на хигиената на рацете преку честото миење на рацете и употребата на средства за дезинфекција, а ние предлагаме овие рутински хигиенски процедури да бидат задолжителни рутински процедури за сите оние кои хронично го чепкаат носот“, истакнуваат истражувачите.
Овој апел за одржување на хигиената е директно поврзан со намалување на ризикот од невродегенеративни болести, според нивните наоди, известува „NIH“ (National Institutes of Health).
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.