Државниот инспекторат во Хрватска ги советува потрошувачите да престанат да го користат лакот за нокти „Babe Rich“, пренесуваат хрватските медиуми.

Лакот произведен во Полска, според Инспекторатот, претставува хемиски ризик бидејќи содржи забранети материи.

Дистрибутер во Хрватска е Рич Компани д.о.о. во Загреб, а Инспекторатот забранил пуштање на производот во промет и наредил уништување на производот.

Текстот Хрватскиот инспекторат повлекува лак за нокти произведен во Полска е превземен од МАКФАКС.