Раскинот не мора секогаш да биде емотивно бојно поле исполнето со блокирани броеви, заборавени подароци и повредена гордост. Понекогаш љубовната приказна се претвора во нешто поинакво – пријателска врска, неврзан разговор или едноставно нормална комуникација без резерва.
Некои хороскопски знаци знаат достоинствено да излезат од врската, без потреба од драма. Наместо да се однесуваат како никогаш да не го познавале поранешниот, тие избираат позрел пристап бидејќи веруваат дека добрата врска не мора да заврши кога ќе заврши љубовта.
Вага
Вагите не сакаат конфликти, а прекините ги доживуваат како можност да завршат сè достоинствено. Ќе се трудат да ја одржат врската, барем на пријателско ниво (ако е можно), бидејќи им е важно да одржуваат добар имиџ и добри односи. Не е невообичаено Вагите да се обратат за совет кај поранешниот партнер.
Близнаци
Близнаците тешко го прекинуваат контактот, особено ако поранешниот е некој со кој имале добра комуникација. Дури и да нема повеќе емоции, врската лесно се претвора во пријателство или барем познанство кое се активира одвреме-навреме. Близнаците едноставно уживаат во динамиката, а поранешните често им остануваат драги, само во поинаков формат.
Стрелец
Стрелците не носат горчина со себе. За нив паузата често е само природно продолжение на разделниот пат. Ако врската не се претвори во животна приказна, тоа не е крај на светот, туку искуство. И затоа немаат проблем да останат во контакт, да се шегуваат со минатото и без проблем да кажат: „Бевме супер еднаш“.
Водолија
Водолиите не се врзуваат на класичен начин, така што и за нив раскинувањето не е крај на светот. Ако споделиле добра ментална врска со поранешниот, веројатно ќе сакаат да ја задржат, дури и без романтичната димензија. Водолиите не ја гледаат поентата во омразата, а ладна и коректна врска им е сосема доволна.
Риба
Рибите често остануваат во контакт со поранешните бидејќи веруваат во простување, разбирање и добри намери. Нивната чувствителна природа не сака затворени врати, па ќе направат се за и по љубовната приказна да остане нешто убаво. Понекогаш дури и ќе се трудат повеќе по раскинувањето да покажат дека вистинската љубов не мора да заврши со омраза.
Бик
Биковите тешко ги пуштаат луѓето, дури и кога врската ќе заврши. Доколку врската била искрена и заснована на доверба, Бикот често ќе сака да одржува пријателска врска. Стабилноста им е важна, а поранешните кои не им наштетиле остануваат во кругот на познатите и саканите. Можеби веќе нема да делат кревет, но можат да споделат шолја кафе и спомени.
Текстот Хороскопски знаци кои често остануваат во добри односи со поранешните партнери е превземен од МАКФАКС.