Брачна двојка од Бангладеш, со живеалиште во Римини, Италија, е уапсена под сомнение дека ја тепале и дрогирале својата 18-годишна ќерка за да ја присилат да прифати договорен брак во Бангладеш, соопшти италијанската полиција.
Според истрагата, девојката била заклучувана дома, тепана и дрогирана, а при патувањето во Дака роднините ѝ одзеле документи и ја принудиле да зема лекови. Таму ѝ бил организиран состанок со маж постар од неа 10 години.
Таа успеала да контактира советувалиште за здравје на жени и преку нив и карабинерите, кои ја презеле на аеродромот во Болоња и ја сместиле на безбедна локација.
Родителите, на возраст од 55 и 42 години, се ставени во куќен притвор и се товарат за семејно насилство, присила и наведување на брак.
Текстот Хорор во Италија: Родители од Бангладеш ја тепале и дрогирале ќерка им за да ја натераат на договорен брак е превземен од МАКФАКС.