Филаделфија 76ерс го одбрани домашниот терен и со победа над Бостон Селтикс по продолжение (116-115, 107-107 регуларен дел) израмни во плејоф-серијата на 2-2. Филаделфија имаше контрола на мечот затоа што од стартот Тејтум беше отсечен и имаше шут 0/9, но потоа главната ѕвезда на селтикси се разигра и го врати својот тим. Бостон блесна во финишот и се врати во егал, продолженија донесе Џејмс Харден со „двојка“, а потоа и тој сам го реши мечот.
Додатните пет минути беа игра на нерви, а одговорноста на минус два за Филаделфија пред крајот ја презеде Харден. Имаше уште 26 секунди игра и во напад по тајм-аут Харден ја презеде одговорноста. По асистенција на Ембид, погоди за три поени, а потоа Бостон не го искористи последниот напад поради добрата одбрана на домашните.
Најдобар стрелец кај победникот беше Харден со 42 поени, девет асистенции и осум скока, пред Жоел Ембид со 34 поени и 13 скока. Кај Бостон се истакна Тејтум со 24 поени и 18 скока, пред Браун со 23 поени. Следниот меч на програмата е за два дена./Gol.mk